• Зоран Мишевски
Во ноќта помеѓу сабота и недела, Луис Ортиз ќе го предизвика во рингот скоро непобедливиот Дионсеј Вајлдер во меч за светска титула. Ортиз се смееше за време на прес-конференцијата, а Вајлдер не остана импресиониран од искуството и возраста на неговиот противник.
„Постојано слушам за неговата возраст. Таа возраст е само еден број. Тој ми рече дека има 40 години. Но, во лицето тој изгледа постари, како да има 50. Не е важно тоа, важно е како се чувствувате внатре.
Не ми е грижа колку години има. Може да биде 99, но ако може да излезе во рингот, нека излезе. Ќе му средам задникот“, додаде Вајлдер.
34-годишниот Вајлдер се смета за фаворит за одбраната на титулата во тешка категорија на ВБЦ.