ВИДЕО: Вајлдер одби спортски поздрав од Фјури и го навлече гневот на јавноста

Тајсон Фјури покажа дека е најдобар боксер во тешка категорија на денешницата со победата во третата борба против Деонтеј Вајлдер.

>>> ВИДЕО: Фјури со спектакуларен нокаут вторпат го победи Вајлдер и остана ВБЦ шампион!

Британскиот шампион по мечот покажа дека е џентлмен и се обиде да му честита на ривалот. Меѓутоа, Американецот не сакаше да слушне за прегратка и помирување, па не прифати спортски поздрав.

Овој потег покажува дека Вајлдер е лош губитник. Тоа го потенцира Фјури во изјавата по борбата.

Овој настан ја комплетира приказната поврзана со овие двајца боксери, кои направија ривалство за кое ќе се зборува уште долго време.