• Сашо Поповски
Деонтеј Вајлдер доживеа тежок пораз од Тајсон Фјури, со која се стави крај на големото ривалство.
Американецот покажа дека може да се носи со најдобрите и на моменти изгледаше дека е во добра позиција да го нокаутира противникот. На крај, издржливоста на Британецот се покажа како клучен фактор во борбата изминатиот викенд. 35-годишниот американски боксер се наоѓа во последната фаза од кариерата. Сепак, смета дека може да му даде на спортот уште неколку години.
Се шпекулира дека од неговиот тим се заинтересирани за борба против Ентони Џошуа, кој прво ќе мора да го одработи реваншот со Олександр Усик.