• Зоран Мишевски

Шампионот во бокс во ВБЦ верзијата Дионтеј Вајлдер сака да го предизвика победникот од мечот помеѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа, кој месецов ќе се одржи на „Вембли“.
Дионтеј Вајлдер има намера да влезе во рингот откако мечот ќе заврши и пред целиот аудитуриум да го предизвика победникот.
Вајлдер на 38 мечеви нема пораз, а на 37 од нив победил со нокаут. Тој во минатото беше спаринг партнер и на Кличко и на Џошуа, а сега смета дека дојде време да ги победи и двајцата.