ВИДЕО: Вајлдер и Фјури за малку не се испотепаа на прес-конференцијата пред борбата

Ако може да се заклучи по најавите, овој викенд ќе бидеме сведоци на историска бокс пресметка. Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури беа блиску до физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас пред меѓусебната борба во ноќта меѓу сабота и недела. 

Околу една минута боксерите лице в лице се провоцираа, па Американецот го турна Британецот, а Фјури веднаш возврати. Членовите двата тимови и обезбедувањето спречија поголем инцидент.

34-годишниот Вајлдер е благ фаворит и во борбата ќе влезе со скор од 42 победи и едно реми. Три години помладиот Фјури има 29 победи и едно реми.

  • Инцидентот на прес-конференцијата: 
  • Комплетната прес-конференција пред борбата: 

Првата борба меѓу Фјури и Вајлдер се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено. Реваншот е во ноќта меѓу сабота во Лас Вегас.