• Зоран Мишевски
Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во тешка категорија во WBC верзијата, откако уште во првата рунда го нокаутира Бармеин Стиверн, Веднаш по победата Вајдер го предивика Ентони Џошуа во рингот.
Оваа победа за Вајлдер е 39-та во кариерата во исто толку борби, 38 победи извојува со нокаут.
„Најдобар сум и прогласувам војна против Џошуа. Долго чекам борба, знам дека сум вистинскиот шампион. Спремен ли си? Нема повеќе криење и изговори. Понуди датум, јас сум подготвен“, изјави Вајлдер во рингот.
Светот на боксот веројатно во 2018 година ќе има можност да ужива во американско-британскиот спектакл на најпопуларните боксери во тешка категорија.