• Горан Упале

Дионтеј Вајлдер ја одбрани светската титула во ВБЦ категоријата, откако со нокаут во седмата рунда го совлада големиот ривал Луис Ортиз од Куба.
Фантастичниот „супер-тешкаш“ со овој триумф во Лас Вегас по десетти пат во низа го одбрани шампионскиот појас, освоен во 2015 година.
- Борбата меѓу Вајлдер и Ортиз:
Така, Вајлдер се искачи на чело на вечната листа на боксери кои во супер-тешка категорија успеале по десет пати и повеќе да го сочуваат тронот и зад себе ги остави легендарните Мохамед Али, Мајк Тајсон и Ленокс Луис, кои во оваа категорија победувале по девет пати во низа.
Триумфот над Ортиз за 34-годишниот американски боксер е негов 42-ри од 43 борби (едно реми), од кои дури на 41 славеше со нокаут.
По оваа борба, Вајлдер најверојатно повторно ќе ги вкрсти ракавиците со Тајсон Фјури, што му е единствениот меч без победа. Доколку се оди според планот, второто соочување меѓу нив ќе се случи во февруари наредната година.
- Првата борба меѓу Вајлдер и Фјури: