Вајлдер доби понуда од 100 милиони долари која вклучува борба против Џошуа

Вајлдер Џошуа

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер добил понуда од 100 милиони долари од „ДАЗН“, која вклучува и борба против Британецот Ентони Џошуа.

ВБЦ шампионот, кој неодамна ги вкрсти ракавиците со Тајсон Фјури, е подготвен да ја одбрани својата титула во мај, против Доминик Бреазале. Сепак, фановите посакуваат Американецот да застане наспроти еден од најдобрите боксери на денешницата и да го стави својот скор на непоразеност на вистински тест.

Следната борба на Џошуа е закажана за 1 јуни во „Медисон Сквер Гарден“. Противник ќе му биде контроверзниот Џарел Милер, а по него сите веруваат дека следува судирот со Вајлдер. Истиот се предвидува дека ќе се случи во текот на зимскиот период.

И двата боксери подолго време си испраќаат јавни провокации, па „ДАЗН“ реши да направи голем чекор кон закажување на долгоочекуваната борба.