ВИДЕО: Вајлдер со БРУТАЛЕН НОКАУТ во првата рунда го уништи Бреазел

Деонтеј Вајлдер

Американскиот боксер Деонтеј Вајлдер запиша нова победа со нокаут. Во вчерашниот судир против предизвикувачот Доминик Бреазел остана во рингот само две минути и 17 секунди кога борбата и официјално беше прекината од судијата.

33-годишниот ВБЦ шампион по деветти пат ја одбрани титулата со перфектен удар и нокаут, кој го остави противникот во бесознание.

Спектаклот во Бруклин беше најавен со неколку контроверзни изјави на американскиот боксер кој рече дека животот на неговиот ривал ќе биде во опасност. Исто така, тој изјави дека посакува еден ден да усмрти противник во боксерскиот ринг.

И покрај тоа, двајцата на крај се прегрнаа и си покажаа меѓусебна почит. Сега фановите очекуваат Вајлдер да застане наспроти Тајсон Фјури или Ентони Џошуа, кои од поодамна важат за најголемата опасност по неговата кариера и скорот без пораз.