Узбекистански Ташкент домаќин на Светското првенство во бокс 

Официјализиран е календарот на најголемите боксерски натпревари за 2023 година, во организација на Светската боксерската федерација (ИБА).

Светското првенство за сениори ќе се одржи од 1 до 14 мај 2023 година во узбекистански Ташкент, а за сениорки во индискиот град Њу Делхи од 15 до 31 март 2023 година.

Светската боксерска федерација ги удвои наградите и на светското првенство ќе обезбеди парична награда од 200.000 долари за златните освојувачи и новите светски шампиони во сите категории, 100.000 долари за сребро и 50.000 долари за носителите на бронзени медали.

Европските игри во Краков од 21 јуни до 2 јули 2023 година ќе бидат и европски квалификации за Олимписките игри во Париз во 2024 година.