• Зоран Мишевски

Првиот комплет медали на боксерскиот турнир во Рио Де Жанеиро се подели во лесна категорија до 49 килограми. Во мечот за златен медал 23-годишниот Хасанбој Дусматов од Узбекистан го победи Херни Мартинез од Колумбија со 3-0 на поени.
Бронзените медали ги освоија поразнеите во полуфиналните борби Хорхе Алварез од Куба и Морниамбу од Монголија.
Вечерва и ноќва следуваат уште две нови финалиња во олимпискиот ринг во Рио.