ВИДЕО: Усик во чудесен меч го сруши Фјури и стана апсолутен светски првак!

Првпат по 25 години добивме апсолутен првак во тешка категорија. Украинецот Олександр Усик во спектакуларен натпревар го сруши Британецот Тајсон Фјури и дојде до престижната титула.

Украинскиот боксер во сопственост ги имаше ВБА, ВБО и ИБФ титулите, а успеа да дојде и до победа над Фјури во еден чудесен натпревар. Боксерскиот натпревар беше вистински спектакл, кој се реши по 12 рунди кои беа вистински уживање и го дадоа светскиот првак по поени.

Судиската одлука за поени беше во полза на Усик (115-112, 113-114, 114-113). Дуелот на двајцата најдобри боксери тргна израмнето, па следеше доминација на Фјури кој зададе неколку добри удари, па Усик мораше да се враќа по шестата рунда. Во деветтата рунда, Усик дури и го сруши Фјури, но Британецот успеа да се спаси благодарение на ѕвончето и да продолжи.

Последните три рунди и двајцата боксери беа крајно претпазливи. До победата Усик дојде поради таа спектакуларна деветта рунда и жестокиот напад кон ривалот.