Усик се согласил на реванш со Џошуа

Украинскиот боксер, Александар Усик, кој од саботата е нов светски шампион во тешка категорија, се согласи на реванш со Ентони Џошуа. Усик го шокираше светот, победувајќи го Џошуа за да го приграби светскиот шампионски појас на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија.

На Усик не му пречи реванш и би сакал тој да се одржи во Украина.

Според менаџерот на Усик, Олександар на шега рекол дека е среќен што го прифатил реваншот, бидејќи тоа ќе му даде шанса двапати да го победи Ентони Џошуа.

Уште се нагаѓа и не се знае кога и каде ќе се одржи нивниот втор меч, но веќе реализацијата на оваа борба е реалност.