• Зоран Мишевски
Познат е последниот противник на украиснкиот тешкаш Александар Усик во професионалниот бокс. Украинецот има 39 години, се ближи кон крајот на својата кариера и неговата следна пресметка ќе биде еден од неговите последни настапи на главната боксерска сцена.
Иако не е јасно дали неговата следна борба навистина ќе биде и последна, промотерот Еди Херн го откри неговиот следен противник. Англичанецот изјави дека следната борба на Усик ќе биде со Деонтеј Вајлдер.
„Како што јас знам - Усик ќе се бори против Вајлдер“, изјави Херн.
Усик има непоразен професионален рекорд од 25 победи и до неодамна ги држеше појасите на WBA, WBC и IBF, но на 26 јуни објави дека ќе се откаже од своите појаси.