• Зоран Мишевски
Украинскиот боксер Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија. Усик го задржа појасот во три различни категории (ВБА, ВБЦ и ВБО), откако вечерва во Ријад на поени го победи Тајсон Фјури. Ова беше реприза на дуелот, во кој Усик го симна од тронот Тајсон Фјури по дванаесет рунди и судиска одлука. Одлуката повторно беше донесена на уверлив начин, а судиската тројка гласаше идентично – 116-112 во корист на Украинецот.
И покрај можеби нереалните очекувања, гледавме многу помалку интересна борба од првата во 2024 година. Како што одминуваше борбата, Усик беше подобар и подобар и полека кон крајот стана јасно дека доколку има судиска одлука, таа ќе биде едногласна. Усик не успеа да го нокаутира Фјури, но ниту Британецот немаше енергија за завршен удар. Со вечерашната победа, Усик има 23 победи од 23 меча.
Усик по првата победа над Фјури обедини четири појаси (ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО), но титулата на ИБФ му беше одземена, бидејќи ја одби борбата против предизвикувачот, која е задолжителна. Наградниот фонд на борбата вечерва во Саудиска Арабија изнесуваше 191 милиони долари, од кои најголемиот дел ќе го добие Усик.