Усик од свој џеб ќе ги наградува украинските медалисти!

Украинските боксери на Игрите во Париз имаат дополнителен поттик да освојуваат медали, откако големиот шампион во тешка категорија, Олександр Усик, вети дека ќе им плати парична награда од свој џеб доколку стигнат до подиумот.

Украина има тројца боксери кои се натпреваруваат во Париз – сребрениот олимписки медалист во Токио, Александар Хижниак, Аидер Абдураимов и Дмитро Ловчински.

„Олександр им помага многу на нашите боксери. Помага на различни начини, меѓу нив и финансиски. Им рече дека ако освојат медали во Париз, сам ќе им даде награда од свој џеб. Ќе им даде пари за бронза, за сребро и за злато.

Усик рече дека за првото место ќе издвои 80.000 долари, за второ место 70.000 долари, а за бронзата 50.000 долари“, изјави украинскиот селектор Дмитриј Сосновски.

Портпаролот на Украинскиот Олимписки Комитет потврди дека Усик се обврзал да ги исплати паричните награди на освојувачите на медали.