Усик ќе земе подолг одмор, па ќе ги вкрсти ракавиците со Дубоа

Украинскиор боксер Александар Усик нема намера брзо да се враќа во рингот за професионални борби. Неговиот менаџер Егис Климас изјави дека по победата над Тајсон Фјури, украинскиот шампион ќе замине на долг одмор и повторно ќе се бори дури следното лето.

„Ќе има долга подготовка за следната борба. По дванаесет последователни рунди со Фјури, на Александар му треба долг и добар одмор. Мислам дека новата борба на Усик треба да ја очекуваме не порано од крајот на јули или август следната година“, изјави Климас.

Шампионот на ИБО, ВБА, ВБО и ВБЦ веројатно ќе се соочи со Даниел Дубоа, кој ја има титулата во ИБФ верзијата.