• Зоран Мишевски
Возвратниот меч за обединување титулите во тешка категорија помеѓу Украинеот Олександер Усик и Ентони Џошуа ќе се одржи на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија. Мечот првично беше закажан за 23 јули, но Британецот инсистираше на поместување.
Минатиот септември, Усик го победи Џошуа за едногласна одлука на судиите и ги освои трите титули во тешка категорија (ВБА, ИБФ, ИБО). Веднаш по поразот Џошуа ја искористи клаузулата за римеч.
Усик доби посебна дозвола од украинските власти да замине од земјата за да се подготвува за одбраната на титулата.