• Иван Димовски
Реванш мечот за титулата светски првак во супертешка категорија меѓу Олександер Усик и Ентони Џошуа веројатно го доби својот термин.
Се работи за 23 јули, датум кој е прелиминарен и може да биде поместен, меѓутоа борбата ќе се одржи во тој дел на летото. Како потенцијален организатор, највисоко фигурира Саудиска Арабија, а се очекува во наредниот период да дојде и до официјална потврда.
Усик во септември минатата година го победи Џошуа по едногласна одлука на судиите. Британецот се надева на одмазда во реваншот, а во него се борат за титулите во категориите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.