• Иван Димовски
Александр Усик ја одбрани титулата во тешка категорија, но победата над Рико Верховен предизвика огромни реакции во боксерскиот свет.
Украинецот славеше со прекин во 11. рунда, иако многумина сметаат дека судијата прерано ја запрел борбата и му ја одзел шансата на Холанѓанецот за сензација. Верховен, кому ова му беше само втора професионална боксерска борба, му зададе сериозни проблеми на големиот фаворит и според дел од судиските картички дури имаше и предност пред финишот.
ABSOLUTE CHAOS USYK STOPS RICO!!!#UsykRico pic.twitter.com/3OHnaXPUv5
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 24, 2026
Клучниот момент се случи во 11. рунда кога Усик со силен лев аперкат го испрати ривалот на подот. Верховен успеа да стане, но судијата набрзо реши да стави крај на мечот.
„Што правиш, судија? Ова е борба за светска титула“, реагираше американскиот коментатор Тод Гришам.
По борбата, Верховен порача дека сакал да ја дочека и последната рунда и веднаш побара реванш од Усик. Од друга страна, јавноста порача дека ова е „една од најголемите кражби“ во овој спорт.