ВИДЕО: Усик доби удар под појасот, па го нокаутира Дубоа

Украина има причини за спортско задоволство, а нивниот најдобар боксер ја продлабочи својата легенда. 

Олександр Усик ги одбрани шампионските појаси, откако во борбата против Британецот Дубоа, извојува победа со нокаут во деветтата рунда. Украинскиот боксер постојано доминираше, но во петтата рунда заврши на подот, откако еден удар на Дубоа заврши во неговиот стомак. Судиите оценија дека станува збор за удар под појасот и по краток одмор, борба продоли. На крајот на деветтата рунда со серија одлични удари Усик го нокаутира Дубоа и ги подигна рацете во знак на славје по прекинот на борбата. 

Усик е непоразен, доминира и не се гледа боксер кој може да му застане на патот.