Усик: Целта не ми беше да го нокаутирам Џошуа

Олександар Усик не го криеше задоволството од триумфот над Ентони Џошуа пред околку 70.000 фанови на „Тотенехм Стадиум“ во Лондон.

По ова победа Украинецот стана светски шампион во супертешка категорија во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ. Тој доминираше во совршената тактичка борба против фаворизираниот Британец и славеше со едногласна одлука на судиите (117-112, 116-112, 115-113).

„Овој триумф многу ми значи. Сè помина како што сакав. Имаше моменти кога Џошуа ме притисна, но јас лесно излегов од тие ситуации. Целта не ми беше да го нокаутирам противникот, бидејќи мојот тим ме советуваше да не се залетувам. На почетокот удирав посилно, но потоа се држев до планот“, рече Усик.

За Усик ова е деветнаесетта победа во професионална конкуренција, од исто толку борби и ја врати својата земја на тронот во супертешка категорија, во која во минатото владееја прво Витали, а потоа и Владимир Кличко.