Усик: Божиќен подарок? Фјури зборува многу...

Олександр Усик по едногласна судиска одлука го победи Тајсон Фјури во реванш бокс-мечот за светските титули во Ријад. По мечот Фјури кажа дека Усик добил подранет подарок за Божиќ, па Украинецот реши да му одговори.

„Божиќен подарок? Во ред, благодарам.

Тајсон многу зборува, но сепак јас го почитувам. Благодарност до Бог, моите тренери и тимот. Нема проблеми, јас победив“, прокоментира Усик.

Следната борба на Усик ќе биде против Даниел Дубоа за титула апсолутен светски првак. Тој го држи појасот во ИБФ верзијата поради чудни правила, иако веќе еднаш загуби од Усик.