Уште еден чекор до европски медал: Рустемовски убедлив и против Англичанецот Хјуит!

Македонскиот боксерm Ален Рустемовскиm продолжува со одличните настапи на Европското сениорско првенство во бокс во Софија, откако запиша уште една победа и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Рустемовски во осминафиналната борба славеше над англискиот боксер Вилијам Хјуит со судиска одлука 4-1, со што дојде на само една победа од освојување медал.

Пласманот во четвртфиналето значи дека Ален е на чекор до најмалку бронзен медал, што би бил најголемиот успех во неговата досегашна кариера. Следниот предизвик за македонскиот боксер е закажан за 23 септември, кога ќе има можност да направи уште еден голем чекор на шампионатот.

Со триумфот над Хјуит, Рустемовски освои и 150 рејтинг-поени. На Европското првенство во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на македонскиот претставник.