Украинскиот Харков ќе биде домаќин на европското првенство во бокс

Европската боксерска конфедерација одлучи дека домаќин на следното сениорско првенство да биде Украина.

Континенталниот сбори ќе се одржи во Харков од 14 до 25 јуни оваа година. 

Ова првенство е квалификациски турнир за учесниците наСветското првенство што ќе се одржи кон крајот на август во Хамбург.

Осуммината првопласирани во секоја категорија ќе го претставуваат стариот континент на боксерскиот Мундијал.