• Зоран Мишевски
Украинецот Олександр Гвоздик стана привремен шампион на ВБЦ верзијата во полутешка категорија. 30-годишниот боксер во Њујорк на поени со 117-111, 116-112, 118-110 го победи Французин Мехди Амар.
Гвоздик со овој триумф обезбеди меч со победникот помеѓу шампионот на ВБЦ верзијата, Адонис Стивенсон и Баду Џек, борба која ќе се одржи на 19 мај во Монтреал.
Евентуална борба на Гвоздик со победникот од соочување меѓу Стивенсон и Баду Џек се очекува кон крајот на годината.