Украинецот Александар Усик е боксер на годината според WBC

Украинскиоот горостас Александар Усик е прогласен за најдобар боксер за 2018 година во изборот на Светскиот боксерски совет (WBC). Усик наградата ја освои благодарение на Купот „Мухамед Али“ и освојувањето апсолутен светски шампион во оваа тежинска категорија.

Во јули минатата година, Усик со едногласна одлука на судиите го победи Мурат Гасие во Москва и ги обедини ВБЦ и ВБО шампионатите, а од Гасиев ги презеде и ИБФ и ВБА појасите.

Усик неколку години е без пораз, неговиот стил е спектакуларен и љубителите на благородната вештина го сакаат, бидејќи често борбите завршуваат со нокаут. 

32-годишниот боксер, роден во Симферопол, во професионалната кариера има 16 борби и 16 победи, од кои 12 со нокаут. Освојувач е на олимписко злато од Лондон 2012 година, европски првак од Ливерпул 2008 година и светски шампион од Баку 2011 година.