• Зоран Мишевски
Новата година во регионалната лига во бокс започна негативно за македонскиот претставник. Боксерите на скопски Вардар претрпеа висок пораз од 18-2 на синоќешното гостување во Лозница во рамки на петтото коло во групата А од регионалната лига.
Лозница сезонава му го нанесе вториот пораз на македонскиот тим и ја задржа лидерската позиција на табелата.
Сите дуели од петтото коло ќе се одржат до крајот на февруари според планираниот календар, а последното шесто коло пред плеј-офот, во кој ќе се борат најдобрите четири екипи, е закажано за следниот месец.