ВИДЕО: Турканици, пцовки и тензија - жестока прес-конференција на Џошуа и Милер

Џошуа

Британецот Ентони Џошуа наиде на несекојдневна прес-конференција која беше тензична најмногу благодарение на неговиот следен противник, Американецот Џарел Милер.

Тој постојано го навредуваше, му довикуваше, а и користеше несоодветни зборови за да испровоцира негова реакција, која на крај и ја доби. Секогаш мирниот британски боксер избувна и како никогаш досега возврати на вербалните напади на противникот и вети: Ќе ја нокаутирам таа мала ку*ка!

При соочувањето лице в лице по обраќањето на јавноста, Милер физички го нападна светскиот првак, а обезбедувањето спречи поголем инцидент.

Џошуа и Милер ќе се судрат во боксерскиот ринг на 1 јуни во „Медисон Сквер Гарден“.