Тројца боксери ќе ја претставуваат Македонија на турнирот „Емел Жечев“ во Ботевград

Кадетската боксерска репрезентација на Македонија ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Емел Жечев“ во бугарскиот Ботевград. Нашата делегација ќе настапи со три боксери: Ахмет Јашаров во категоријата до 48 килограми, Рузгар Асановски во категоријата 52 килограми и Ардијан Аземи во категоријата +80 килограми. 

Селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Насер Харуни очекуваат добар настап на овој турнир на квалитетни боксери. 

Според ждрепката одржана денес, Ахмет Јашаров во полуфиналето се среќава со Коста Ромеа од Велс во полуфиналето, Рузгар Асановски се среќава со Мејтеи Санџарамбам од Индија, а Аземи Ардијан за противник го доби домашниот боксер Мартин Бебов.

Селекторот на македонската репрезентација, Петре Чурлиновски, изјави дека нашите боксери ќе го дадат максимумот и се надева на добри резултати од овој меѓународен турнир. Натпреварите започнуваат од утре претпладне и ќе траат неколку дена.