Тројца боксери ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство

Тројца македонски боксери ќе претставуваат нашата земја на Балканското првенство, кое ќе се одржи во Анталија (Турција) од 10 до 15 декември.

За Македонија ќе настапат Јасин Лама (69 килограми), Гоце Јанески (75 килограми) и Арсим Етеми (81 килогра,).

Јанески се враќа во рингот по повредата на раката, и тоа во старата категорија до 75 килограми, во која речиси беше непобедлив.

Репрезентацијата ќе ја води тренерот Скендер Јахиу, а претходно нашите репрезентативци се подготвуваа во Охрид.