Три победи на македонските боксерски надежи на Опен Балкан во Лозница

Македонскиот боксери одново имаа забележителен настап на Опен Балкан купот во Лозница, Србија. 

Во рамки од второто коло нашите боксери забележаа три победи. Подобри во рингот беа Михаил Аврамовски, Арабел Рустемоски и Јоаким Јовановски. Сите три победи беа со прекин.

Аврамовски во категоријата кадети славеше над Владимир Бурговиќ, а Рустемоски во рингот беше подобар од сонародникот Петар Трајчевски, додека во младинците Јовановски го совлада Срѓан Грујиќ.

Боксерите на овие клубови отпатуваа за Лозинца како претставници на Боксерската федерација на Македонија.