Третата борба меѓу Вајлдер и Фјури пред одложување

Кризата заради пандемијата од ковид-19 е главната причина заради која неизвесно е дали годинава ќе се одржи третата меѓусебна борба меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Извршниот директор на Топ-ранк, Боб Арум е песимист дека борбата наскоро ќе се одржи.

„Имаме договор со Вајлдер за трет меч. Требаше да ја презакажеме борбата за октомври, бидејќи јули беше прерано. Со сите овие одложувања којзнае дали можеме да организираме боксерски мечеви во октомври пред публика. Ако ги немаме приходите од билетите, а на последниот меч прифитот само од билети беше 17 милиони долари, борба нема да има.

Се соочување и со друг проблем – забраната за патување. Тајсон Фјури е во Велика Британија, а Вајлдер е во САД. Ако забраната за патување е на сила, не знам како Фјури ќе дојде во Соединетите Американски Држави. Мора да почекаме да се развие оваа ситуација, па ќе одлучиме “, изјави промоторот.

Првата борба меѓу Вајлдер и Фјури заврши без победник, а во втората со нокаут славеше Британецот.