Третата борба доби официјален датум, Алварез и Головкин одново во рингот

Канело

Канело Алварез и Генеди Головкин трет пат ќе влезат во рингот и закажаа нова борба која ќе се одржи на 17 септември оваа година.

Првиот судир пред пет години заврши без победник. Една година подоцна Мексиканецот излезе како победник во второто соочување.

Засега нема официјална потврда за градот каде што ќе се организира долгоочекуваната борба. Лас Вегас е прв фаворит во очите на јавноста.