• Мартин Танасковски
Мајк Тајсон на 53-годишна возраст објави дека се враќа во рингот и дека ќе се бори за хуманитарни цели, а од целата трансформација на Американецот изненаден е неговиот тренер Рафаел Калдеиро.
Тој е изненаден од резултатите и од прогресот на боксерот, кој десет години не бил активен, арно ама покажал неверојатна вештина и трансформација на телото.
„Тајсон немаше тренирано десет години и не беше активен. Не можев да верувам во она што го гледам. Секој којшто ќе влезе во рингот со Тајсон, иако е 2020 година, мора да биде внимателен. Тренираме секојдневно, иако има 53 години тој е доста концентриран“, вели тренерот.
Тајсон во 1986 година стана најмладиот шампион во светот, а кариерата ја заврши во 2005 година. Во кариерата на Тајсон, најмногу влијаел тренерот Кас Д’Амато, кого Мајк го сметал за свој „бел татко“. Благодарение на легендарниот Кас, Мајк научил да чита и да пишува, го освои главниот турнир во САД „Златни ракавици“ и во 1985 година дебитираше во професионалниот ринг.
Подоцна стана најмладиот светски шампион во тешка категорија, откако во ноември 1986 година го нокаутираше Тревор Бербик. Мајк тогаш имал само 20 години, четири месеци и 23 дена. Рекордот е актуелен и ден-денес.