Трајкоски со технички нокаут го сруши Бугаринот Осман на ревијата во Прилеп

Викендов во Прилеп се одржа професионална бокс ревија во организација на Про Бокс Македонија и бокс мајсторот од Прилеп, Дарко Чатлески. Под отворено небо се одржаа неколку борби кои привлекоа голем број на љубители на благородната вештина. 

Дуелот Наполот Токри (Албанија) - Божидар Илиќ (Србија) на поени го доби Албанецот, Даниел Марку (Aлбанија) со технички нокаут во втората рунда го совлада Мартин Станев (Бугарија), а  во српскиот дуел меѓу Новак Радуловиќ и Дарко Стевановиќ на поени славеше Радуловиќ.

Домашниот боксер Ице Трајкоски се соочи во рингот против Бугаринот Енсар Осман. Прилепчанецот уште во првата рунда му зададе течнички нокаут на Осман на големо одушевување на прилепската публика.