• Зоран Мишевски
Младиот македонски боксер, Трајче Илиоски минатиот викенд беше гостин на Арена-бокс клубот во Тирана. Младиот прилепчанец одржа заеднички тренинг и спаринг борби со професионалните боксери од БК Тирана од Албанија.
„Овој клуб го избравме бидејќи располага со добри и успешни професионални боксери. Целта е за збогатување на искуството и градење на успешна професионалната кариера на Трајче Илиоски. Нашиот тим е задоволен од изработениот тренинг и спаринг борбата на нашиот боксер. Иден план ни е да направиме уште еден спаринг до првата професионална борба. Во преговори сме првата деби борба да биде на крајот на ноември или почетокот на декември во Тирана“, истакна тренерот од БК AC од Прилеп, Дарко Чатлески.
Неодамна младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб АC од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа „DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.