• Зоран Мишевски
Голема спортска трагедија се случи по завршувањето на боксерски меч доцна синоќа во Соединетите Американски Држави.
Рускиот боксер Максим Дадашев почина во САД по повредите во рингот по борбата со Субриел Матијас од Порторико минатата сабота.
Боксерот итно бил пренесен в болница, а три дена по борбата му подлегнал на повредите.
„Ваквите случаи се ретки, но треба темелно да се истражат. Многу ми е жал и многу ми е тешко“, рече секретарот на федерацијата, Имар Кремлев.