Тој е вистински шампион: Џошуа заработува милиони, а живее скромно со својата мајка!

Синоќа Ентони Џошуа стана нов владетел во тешка категорија,откако во спектаклот на „Вембли“ славеше победа над легендарниот Владимир Кличко. 

Украинецот во 11. рунда неколку пати се најде на подот по стравичните удари на Џошуа, па судијата одлучи да го прекине мечот, бидејќи одлучи дека Кличко не може да ја продолжи оваа борба. По големата победа Џошуа уште еднаш докажа дека иако е голем шампион, тој е обичен човек и дека овој успех ништо нема да промени во неговиот живот. 

Медиумите од Британија пред неколку денa направија приказна за животот на Џошуа, која ги одушеви сите фанови на овој спорт. Иако боксерот заработува милиони и има многу недвижнини во Лондон, тој сè уште живее со својата мајка, во куќа која ја купи кога ги заработи првите сериозни средства.