„Тој е најдобриот боксер по Мухамед Али, технички е речиси совршен“

Ломаченко

Украинецот Василиј Ломаченко неодамна ја доби титулата „најдобар аматер на сите времиња“, но боксерските експерти сега прават чекор напред и го сместуваат во категорија со големиот Мухамед Али.

Украинецот во аматерските настапи има неверојатни 396 победи и само еден пораз, и тоа на Светско првенство во Чикаго на 19-годишна возраст. Има 30 години и по само 12 борби освои три шампионски појаси, што е неверојатен податок кој ниту еден боксер во историјата не го постигнал за толку кратко време.

На пример, на Флојд Мејведер му требаа дури 34 борби за да стигне до тоа.

„Никогаш не сум видел боксер кој е толку технички перфектен“, вели боксерскиот промотер, Боб Арум.

Следен предизвик за украинскиот боксер е Хозе Педраза, кој на 8 декември ќе го предизвика во Њујорк. 

Мајк Тајсон смета дека Ломаченко е најдобар на сите времиња, на тоа се согласува и Шугар Реј Ленард, а многу коментатори велат дека вакво нешто не виделе никогаш во животот.

Тој настапува во лесна категорија, а доколку победи на следната борба размислува да се пресели во велтер категорија, каде ќе има повисока заработка и поголеми имиња за противници.