„Тешко беше, не верувам дека семејството ќе ме пушти пак да се борам со Тајсон“

„Дедовците“ Мајк Тајсон и Рој Џонс по долга пауза повторно беа во фокусот на боксерската јавност, откако ги вкрстија ракавиците во спектаклот во Лос Анџелес. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Боксерскиот спектакл без победник, Тајсон незадоволен веднаш побара реванш 

Долго очекуваната борба меѓу двата поранешни шампиони заврши без победник, иако Тајсон во сите осум рунди го напаѓаше противникот. По мечот Тајсон како да не беше задоволен од одлуката на судиите и веднаш победа реванш.

„Некогаш две минути ми изгледаа како три. Среќен сум што се вратив во рингот и сигурно ќе продолжам со ова што сум го започнал. Сакам реванш со Џонс“, порача Тајсон.

Противникот, пак, призна дека во рингот беше тешко да се бори со Тајсон и го даде своето мислење околу евентуален реванш.

„Тешко е да примаш удари од Мајк, треба да видам со моето семејство дали повторно ќе го сторам ова“, беше одговорот на Џонс.

Борбата во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес беше од хуманитарен карактер, па средствата кои требаше да ги добијат боксерите ќе бидат донирани.