• Иван Димовски
Олександр Усик повеќе не е носител на ВБО титулата во тешка категорија, откако одлучи да се откаже од појасот. Одлуката доаѓа по наредбата на организацијата да се бори за одбрана против Фабио Вордли, кој со тоа автоматски беше промовиран во нов светски шампион.
Британецот Фабио Вордли, кој е непоразен, беше задолжителен предизвикувач на Усик откако минатиот месец во лондонската „О2 арена“ со импресивен прекин во 11. рунда го победи Џозеф Паркер и го освои привремениот ВБО појас. По повлекувањето на Украинецот, Вордли беше унапреден во полноправен шампион, со што ја прекина втората владејачка ера на Усик како неприкосновен крал на тешката категорија.
Усик претходно ја наведе повредата како причина поради која не се согласил да ги прифати условите за задолжителната одбрана на титулата. На 38 години тој се уште нема откриено што следува во неговата кариера, по летната победа со прекин против Даниел Дубоа со која го врати ИБФ појасот.