• Зоран Мишевски
Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип го ангажираше боксерот во тешка категорија Александар Димовски – Димса од Битола за настап во регионалната лига, која започнува на 4 март.
„Регионалната лига е чекор напред за сите нас. Повеќе борби од повисок ранг носат стекнување искуство и квалитет за поголеми успеси, посебно за младите боксери“, смета Димовски.
Димовски неколку години по ред е државен првак во тешка категорија и нема голема конкуренција во нашата земја, па борботе во регионалната лига ќе бидат од голема корист за боксерот и за клубот Пинк Пантер од Штип.