• Саше Љолес

Американскиот боксер Теренс Крафорд беше поуспешен од својот ривал Ерол Спенс и на тој начин ги обедини сите појаси во „велтер“ категоријата.
Крафорд стана првиот боксер во историјата кому ова му пошло од рака, а воедно забележа победи на сите 40 мечеви во неговата досегашна кариера. Ова е навистина огромен успех за Американецот и тој сега се наоѓа на самиот врв во овој спорт.
Ерол Спенс беше повеќе од достоен ривал и во неколку наврати беше на работ да направи изненадување, но Крафорд успеа да се издигне и со три нокаути го „разниша“ противникот. Судијата забележа дека Спенс не може да го продолжи дуелот, по што го прекина мечот со технички нокаут во корист на Крафорд.
Седмата рунда беше клучна за победата и тогаш веќе се чинеше дека Спенс нема да може до крај да го издржи дуелот. Ова е голема победа за Крафорд кој сега гордо седи на тронот и сега може слободно да се прогласи за апсолутен боксерски крал во моментов.