• Сашо Поповски
Вчера се случи и втората прес-конференција како најава за „борбата на векот“ помеѓу Мејведер и МекГрегор.
Град домаќин беше Торонто, каде шоуто го украде ирскиот борец, кој носен од присутната публика, не престана со навреди на сметка на својот противник.
Американскиот боксер зборуваше втор, а во еден момент зеде ирско знаме од публиката, што го испровоцира МекГрегор, кој му возврати со земање на неговиот ранец со пари.
Тензијата траеше неколку минути, а Мејведер му го даде знамето на Ирецот, кој веднаш одговори и го фрли во неговото лице.
This was an intense moment. Mayweather took the Irish flag & then McGregor took his bag and proceeded to empty out the cash. Apparently $5k. pic.twitter.com/vCInEiHU90
— Chamatkar Sandhu (@SandhuMMA) July 12, 2017
Третата прес-конференција е на програмата денес во „Барлкајс центарот“ во Њујорк. Борбата е закажана следниот месец, на 26 август.