• Иван Димовски
Легендарниот Мајк Тајсон загуби во егзибицискиот бокс спектакл кој се одржа во Тексас од Џејк Пол, по едногласна судиска одлука.
<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Џејк Пол доминантно го доби Мајк Тајсон во бокс-спектаклот во Тексас!
57-годишникот кој својата последна професионална борба ја имаше пред деветнаесет години против Кевин Мекбирд се врати во рингот. Од повлекувањето во пензија беше дел од неколку егзибициски мечеви, а последниот против Рој Џоунс Џуниор во 2020 година. Сепак, ниту еден пораз не го наплатил како последниот.
Тајсон, иако загуби и делумно беше понижен од јутјуберот кој се бори на вакви мечеви, сериозно ја наполни својата банкарска сметка. Легендарниот поранешен првак заработи вртоглави 20 милиони долари иако загуби во мечот.
Наспроти него, Џејк Пол како победник доби двојно повеќе (40 милиони долари).