Тајсон влегува во рингот со Мејведер, еве кога ќе биде спектаклот!

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, најави дека егзибициската борба со поранешниот светски првак во пет категории, Флојд Мејведер, ќе се одржи во март 2025 година.

„Борбата ќе биде во март, во Африка. Ќе биде неверојатно. Ќе ги собориме сите рекорди. Ќе биде еден од најголемите настани во историјата на спортот“, изјави Тајсон.

Педесет и девет годишниот „Железен Мајк“ во професионалната кариера има 59 мечеви – остварил 50 победи (44 со нокаут) и седум порази. Во „Куќата на славните“ на боксот беше примен во 2011 година, а во ноември 2024 се бореше против блогерот Џејк Пол, губејќи едногласно по осум рунди.

Мејведер е 11 години помлад од Тајсон и кариерата ја заврши во 2017 година. Американскиот боксер има 50 победи (27 со нокаут) во 50 професионални борби.