Тајсон веќе има противник за кам-бекот во рингот

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, најави дека се враќа во рингот и дека ќе боксува за хуманитарни цели, а веќе го има првиот ривал.

53-годишникот Тајсон се врати на тренинзите, а на видео-објавите покажа дека се наоѓа во топ-форма. Активно се бараше ривал за неговата прва борба, се споменуваше името на Ивандер Холифилд, меѓутоа „Челичниот Мајк“ договорил да оди на мегдан со друго име.

Се работи за Шенон Бригс, поранешниот шампион во ВБО конкуренција. Засега нема потврда дали Тајсон ќе боксува со него, но ставот на американските медиуми е цврст дека токму тој е ривалот.

Мајк Тајсон ја заврши богатата боксерска кариера во 2005 година.