Тајсон се налути откако учениците го препознаваат како актер, а не како боксер!

Еден од најдобрите на сите времиња и големата боксерската легенда, Мајк Тајсон по посетата во едно американско училиште беше силно изненаден што најмладите го препознаваат како актер, а не како бојсер. Железниот беше претставен на учениците како актер во „Последното ергенско запивање “.

“Јас се пензионирав пред 11 години и очигледно ме заборавиле. Требаше да им ги пуштат моите натпревари на децата, за да дознаат кој сум”, коментираше Тајсон.

„Челичниот Мајк“ предизвикува еуфорија каде и да се појави, но кај најмладите очигледно не постои страста кој боксот и борбите на најмладиот светски првак на сите времиња.