Тајсон: Против Холифилд? Тоа ќе биде многу атрактивна и возбудлива борба...

Неговата последна професионална борба беше пред повеќе од 15 години, но најавата дека за многумина најдобриот боксер на сите времиња, Мајк Тајсон, повторно ќе го видиме во рингот, предизвика голема еуфорија меѓу љубителите на боксот. 

Контроверзниот боксер во последните неколку седмици објавува видеа на социјалните мрежи на кои може да се види дека е во одлична форма, а од неодамна најави свое враќање во рингот. 

Но, овој пат Тајсон нема да се бори за шампионскиот појас, туку на хуманитарни мечеви, а во изјава за „Fight Site“ истакна дека има голема желба повторно да се соочи со Ивандер Холифилд.

„Секој кој сака да помогне во хуманитарната мисија која ќе ја спроведам во следниот период, е добредојден. Подготвен сум да се соочам со секого. Дуел со Холифилд? Не знам дали сакаме Ивандер и јас повторно ќе се соочиме во рингот. Сепак, мислам дека тоа ќе биде одлично за еден хуманитарен меч. Ние двајцата, како „заколнати непријатели“ да правиме добри работи за луѓето тоа ќе биде фантастично. Исто така, верувам дека борбата ќе биде возбудлива и атрактивна“, изјави 53-годишниот Тајсон. 

Дека нешто се подготвува на боксерската сцена говори фактот што и Холифилд им се врати на тренинзите и тренира напорно под менторство на Кличко.